Смарт Ауто нуди широк спектар на гасни системи за конвертирање на вашето возило на ТНГ (LPG).
Плинските системи се достапни за бензинските мотори и користат извори на енергија кои придонесуваат развој на еколошки мобилност, гарантирајќи значително помалку загадувачки емисии и големи економски бенефиции.
Автогасен уред може да се вгради во речиси сите возила на бенсиски погон. Технологијата на производство на гасни уреди во целост ја следи автомобилската индустрија така што со најновата генерација на гасни уреди можно е да се опремат сите типови на автомобили од најново производство во кои спаѓаат и возилата чиј мотор поседува пластична всисна грана, комон-реил систем или турбо. Предноста на овие уреди е и во многу малата разлика во однос на перформансите на возилото која е практично незабележлива.
Автогасната инсталација која се вградува во автомобилот е практично побезбедна од неговата бензинска инсталација. Резервоарите за гас се конструирани да издржуваат притисок кој е повеќе од шест пати повисок од оној при нормална експлоатација. Изработено се од квалитетен челичен лим со дебелина од 3 до 4 милиметри. На резервоарот се вградува сигурносен вентил кој спречува полнење над 80% од вкупната зафатнина, со што на гасот му се овозможува простор каде би можел да се шири. Во случај на судар резервоарот за гас е последната работа за која треба да се грижите затоа што тој поднесува многу повеќе отколку што издржува возилото или човекот. Полнењето со гас се врши преку полнач кој е монтиран однадвор при што нема можност гасот да навлезе во кабината. Испарувачот е конструиран на тој начин да пропушта гас само кога моторот е во погон. Вградувањето на автогасната опрема се изведува во согласност со правилата и прописите кои ја регулираат оваа дејност. Квалитетот и исправноста на извршеното вградување на автогасен уред се потврдува со преглед на возилото од страна на овластена институција.
Моторите кои работат на LPG имаат подолг животен век. Плинот согорува значително почисто од бензинот и дизелот со што наталожувањето на карбон е многу помало.
